речник контакт

Неделата попладне сообраќајната полиција констатирала 71 прекршок на возачи во велешко

Најмногу било констатирано управување возило без возачка дозвола, но имало и некои кои управувале под дејство на алкохол

Петар Печков

Во неделата попладне,  25 февруари,  во периодот од 14 до 20 часот  на територијата на Општина Велес била спроведена акциска контрола, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

„При контролата санкционирани се 71 возач, од кои 22 за возење без возачка дозвола, шест санкции поради измината важност на сообраќајната дозвола, девет мерки за непрописно вградени фолии -затемнети стакла, пет санкции за возење под дејство на алкохол. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци“ - соопштија од МВР.

Оваа акциска контрола е реализирана од Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Од МВР апелираaт до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да придонесат за побезбедни патишта.

 фото МВР

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »