речник контакт

Незадоволен од работата на министерката за култура телефонски и се заканувал

Велешанец заработи кривична пријава бидејќи телефонски и се заканувал на министерката за култура.

Петар Печков


СВР Скопје поднесе кривична пријава против лицето Ѓ.А.(62) од Велес, поради основано сомнение дека  на 25.11.2010 год. извршил кривично дело „Загрозување на сигурноста“ така што вечерта во 20:49 и 21:30 часот од неговиот телефон два пати се јавил на С.К. и сериозно и се заканил дека ќе ги запали, дека ќе гореле и ќе ги загрози нејзиниот живот и животот на нејзината ќерка министерката за култура Елизабета Канчевска – Милевска, како и на останатите членови од семејството.

Имено на 25.11.2010 година, додека седел во неговиот дом и го гледал интервјуто на министерката, кое во живо одело на А1 Телевизија, од неговиот телефон два пати се јавил на домашниот телефон на С.К. (мајка на министерката Елизабета Канчевска-Милевска) и сериозно и се заканил, упатувајќи и навреди и пцости. По ова оштетената исплашена по нејзиниот живот, како и животот на нејзината ќерка и целото семејство, веднаш и кажала на нејзината ќерка, која веднаш го пријавила случајот во МВР.

Со наредба од Истражен Судија беа подигнати листинзи од „Т-хоме“ и АД „Оне“ со цел утврдување на комуникацијата меѓу осомничениот и оштетената. Во СВР - Скопје бил повикан Ѓ.А. и со истиот е извршен службен разговор во кој признал дека го дознал домашниот телефон за кој мислел дека е на министерката и се заканувал заради наводно незадоволство од нејзината работа.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »