речник контакт

Незадоволството кај тутунарите е што откупувачите изминатите две години го прецениле квалитетот на тутунот

Просечната откупна цена во Македонија досега е 156 денари за кг а било откупено 15 отсто до годишната берба

Петар Печков

 До денес се откупени околу 5 милиони кг. тутун, што е 15 отсто од вкупното предвидено количество во Македонија. Реакциите на  производителите се неосновани, сед базираат на повисоките процени од откупните центри претходните д ве години,  поради што тие реагирале. Годинава откупот е во согласност со правилниците и нема место за незадоволство. Ова го порача директор на Државниот инспекторат за земјоделие  кој денес престојуваше во контрола во велешко, во посета на откупните центри, каде изминатите денови имаше жестоки реакции на  незадоволните тутунопроизводители од откупната цена.

Само 4,5 отсто од досега  предадениот тутун е од прва класа. Тоа е симптоматично и укажува  дека производителите го чуваат, не го предаваат, чекаат поволна временска пригода за манипулација. Просечната откупна цена во овој момент во Македонија е 156 денари за килограм и тој се однесува во најголем дел за предаден среден и долен дел на берба. Затоа ние како инспекторат  сме задоволни од состојбата на откупните пунктови. Нема некои големи недоследности во откупот,се почитува проценка на класи и  таа е во  согласност правилниците –изјави  Румен Стаменов  директор на Државниот инспекторат за земјоделие. 

Тој потсети дека ако  тутунарите се незадоволни од понудената цена, да го остават тутунот на второстепена комисија.  Во текот на вчерашниот ден таа од 137 спорни бали тутун,  50 проценила во повисока класа, другото било потврдено како и самата проценка. Според директорот  ова укажува дека нема крупни разлики во проценка меѓу откупните центри и второстепената комисија.

Незадоволството кај тутунопроизводителите се  јавува оти претходните две години откупните центри даваа поголеми цени, отколку што предвидуваа правилниците и мерките. Нормално сега тутунарите го бараат и годинава, а компаниите не го прават ова, но не значи дека е нарушен процесот, напротив се работи согласно правилниците. Од тоа што го видовме денес на терен во велешко, Чашка, Велес, Бузалково и можевме да забележиме дека производителите кои домаќински го скалапиле тутунот, имаат добра манипулација  добија добра цена и задоволни ги напуштаат пунктот. Тие што  измешале класи, имаат лоша манипулација, вината е до нив самите, заради тоа што според Законот ако имате втора и трета класа се оценува трета класа. Затоа нека  го  прередат тутунот, добро да го сработат тутунот – изјави  Стаменов.

За реакциите на производителите кои биле вратени од  откупните центри, директорот изјави дека  тие носеле поголема количества тутун од договорената, од таа што била прецизирана во договорот. По консултациите со менаџментот и тие поголеми количества на тутун биле откупени.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »