речник контакт

Неисплатена ни ланската штета, а ги снајде ново невреме

Граѓаните не се расположени да се пријават за да бидат обештетени, бидјеќи не ги добиле ни ланските пари кои беа со 15 отсто од проценетата штета

Петар Печков

 Завчерашното невреме кое го зафати велешко направи големи штети во градот и домаќинствата, но и на земјоделските површини во две села Иванковци и Мартолци. Засега ниту еден земјоделец нема пријавено штета во ПЕ на Министерството за земјоделие ниту пак некој граѓанин има пријавено штета за покуќнината  од поројот кој зафати повеќе делови на градот. Граѓаните во дилема дали воопшто да пријавуваат кога сеуште не се обештетени од ланското невреме и тоа со низок процент.

Дома сме  да ги санираме последиците па дури потоа ќе одиме до општината да пријавиме штетата. Макар што од тоа малку фајде ќе имаме, бидејќи ланската уште не сме ја добиле  а не годинава  да трчаме да  пријавиме и којзнае кога ќе ни платат. Згора на тоа Владата со само 15 отсто реши да  не обештети, па се прашуваме дали воопшто и ќе одиме да пријавиме овој пат, бидејќи сами си ги плаќаме поправките. Се задолживме за да го поправиме домот а веќе нова поплава доживеавме – велат жителите на месноста Потокот кој како и лани на 13 август, најмногу настрада од саботното невреме, кога поројот  им ги наполни куќите со вода, некаде до метар височина.

Околу педесетина фамилии засега  се жалат дека им е оштетен мебелот, белата техника, градежни приземни објекти.  Ланското невреме во август според проценката на надлежната комисија направи штета од 30 илјади евра. Штети годинава претрпеа и бројни продавници, маркети и деловни објекти во центарот на Велес кои беа поплавени. И земјоделците од две велешки села, Мартолци и Иванковци, се жалат на саботното невреме кое според нив го однесе приносот од 20-тина хектари.

Најмногу настрада пченицата, јачменот кои беа пред жнеење, потоа тутунот кој штотуку почнавме да го береме и лозјето. Оштетени се и фолии со комплетното рано градинарско производство. Штетите се огромни, бидејќи за некои земјоделци годината заврши, се што имаа невремето им уништи – велат велешките земјоделци.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »