речник контакт

Некогашното училиште ,,Џинот,, во Центар за лица со посебни потреби

Локалната власт пламнира тука, на едно место да ги собере сите здруженија кои работат со лица со попреченост

Петар Печков

Зградата на поранешното ОУ ,,Јордан Хаџи Константинов Џинот,,  повеќе месеци е празна. Откако двата факултети кои таму одржуваа настава, на 1-ви октомври заминаа, објектот е празен и напуштен. Ги нема ниту учениците ниту студените.   Од неодамна таму се вратила стражарската служба за да не се уништува имотот а општината започнала подготовки за пренамена а во една од училниците таму во тек биле градежни активности . Ова ќе се работи заеднички со УНДП.

 Планираме зградата да ја преуредиме за Центар за лица со посебни потреби. Факт е дека на градот му е потребен еден таков објект, каде ќе бидат згрижени  и сместени сите вакви здруженија  од градот, кои работа со лица со  попреченост.  Во зградата имаме нов котел за греење, обновен е топловодниот систем, имаме нова кујна. Овие новини не би требало да ги оставиме да пропаѓаат и затоа е најдобро да  се користат. Сметаме дека тука е одлично место за лицата со посебни потреби, за што одамна најавивме дека е потребен објект во градот - рече градоначалникот Славчо Чадиев.

 Во овој Центар би работеле Здружението на телесни инвалиди,  Здруженијата на слепите и глувите, трудови инвалиди. Локалната власт имала повеќе квалитетни нагледни средства и опрема за лицата со попреченост, кои тука во зградата на новиот Центар би нашле своја функционалност.

Зградата на ОУ Јордан Хаџи Константинов Џинот  настава основците посетуваа до летото 2007-та а од есента  неше отстапена и таму учеа студените од   Факултетот за туризам и угостителство од Охрид, диспензирана настава Велес. Подоцна тука се вселија и студентите од Факултетот   за информатички и комуникациски технологии  од Битола. И двата факултети се дел од Универзитетот Св. Климент Охридски од Битола. 

 По нивното заминување во просториите на некогашниот Хотел Вила Зора, каде сега посетуваат настава, зградата ја вратија на локалната власт.    

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »