речник контакт

Нема да се купуваат нови новогодишни украси за китење, но градот сепак ќе биде празнично накитен

Не е добро парите да се трошат за новогодишно осветлување, подобро е да се искористат за помош на здравството - порача Коцевски

Петар Печков

Локалната власт нема да троши пари за набавка на нови новогодишни украси. Градот ќе биде накитен  со досега набавените и на простор, кој години наназад беше декориран. 

Ова го кажа градоначалникот Коцевски, одговарајќи на прашањето на ТрМр по поделеноста во јавноста, за набавка на нова илуминација за новогодишните и Божикни празници.

Како и некои мои колеги, градоначалници одлучив средствата кои беа планирани за набавка на новогодишна декорација, да не се искористат. Илуминација ќе има. Ќе се искористат лампионите, сијалици, елки кои ги имавме изминатите години. Не е добро парите да се трошат    за новогодишно осветлување, подобро е да се искористат за помош на здравството. Не чини пак ни ништо да нема, и затоа ќе украсиме за да се почувствуваат новогодишните празници  - образложи Коцевски.  

Веќе започна новогодишното китење на градот и поставени се светилките на главната градска улица.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »