речник контакт

Нема дозвола а веќе поставени тезги

Локалната власт побарала да се отстранат тезгите, но и по толку денoви не се случува

Петар Печков

Во центарот на градот се појави нова пиљара. По теркот на постојната кај Коњаникот и овој газда се решил да нуди овошје и зеленчук на велешани на улица.Само што новиот  иако немал дозвола веќе ги постави тезгите, пред киоскот за да започне со работа.

И тоа на локација помеѓу Народна Банка  и Основен суд. Од локалната власт информираа дека сопственикот не побарал дозвола за работа, нема добиено и веќе му е наложено да ги отстрани металните тезги надвор од времениот објект. 

Слична е состојбата и со тезгите од пиљарата во центарoт нa градот, кои се поставени на јавно прометна површина која е узурпирана, без дозвола, а сопственикот и покрај реакциите на локалната власт, не ги отстранува.

Во општина Велес се подготвува програма за времените објекти со која дел од локациите ќе се понудат за работа, согласно законот. А законот е многу прецизен, во времен објект може да се продава цвеќе или да биде киоск за весници и ситни работи, друго не.

И најзначајното ниту еден времен објект нема дозвола за работа во Велес. Ниту пак имателот на правото на користење, не може да го изнајмува на трети лица. Иако во Велес граѓаните се сведоци на колку вакви времени објекти пишува ,,Си издава,,??!!

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »