речник контакт

Нема избор за обвинител во ОЈО Велес, оти никој не конкурирал

Понеделник Судски совет ќе врши избор на судии во повеќе Основни судови во Македонија, меѓу нив и за Основен суд Велес

Петар Печков

Како што вчера објави ТрМр, нема заинтересирани за обвинител во Основното Јавно обвинмителство Велес. Тоа денес беше потврдено и на Советот на јавни обвинители, кој не извршил избор, бидејќи немало кандидати. Така било и во Струга, Радовиш,  Крива Паланка, Кочани.

Неодамна Академијата за судии и јавни обвинители ја завршија четворица кандидати од Велес. Во ОЈО Велес има седум обвинители, сите жени. На претходниот избор во 2023 година, имаше пет кандидати.

ТрМр претходно најави дека понеделник Судскиот совет ќе врши избор на судии во повеќе Основни судови во Македонија. Меѓу нив и за Основен суд  Велес. Неофицијално на конкурсот имало тројца кандидати. Во велешкиот суд има 11 судии.

АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »