речник контакт

Нема инвестиции во Колска

Она што се случува во Колска, изнајмената хала на француската фирма ТЦИ, не може да се смета за влез на големата инвестиција Лорд од Франција, тврди градоначалникот Коцевски...

lj lkjl

Она што се случува во Колска, изнајмената хала на француската фирма ТЦИ, не може да се смета за влез на големата инвестиција Лорд од Франција, тврди градоначалникот Коцевски. Се работи за фирма која посредувала во разговорите меѓу Лорд и градоначалникот. Истата фирма сличен бизнис отворила и во Куманово. Не се знае причината зошто Лорд не сака да инвестира во Колска. Минатата година Коцевски беше на преговори во Стразбур за влез на Францускиот гигант во Колска, меѓутоа инвестицијата не се случи иако имаше позитивни сигнали од французите. Сега една хала во Колска ја поседува ТЦИ. За неа плаќа минимална кирија од илјада евра, смешна сума на пари велат синдикалците од Колска, со која не може да се подмират и основните трошоци околу потрошувањето на електричната енергија. Тие оствариле средби со луѓето од ТЦИ. Се договориле во рок од два месеци да ја ослободат халата. За истата е заинтересирана и Соцомак. Понудиле 2 илјади евра за кирија. Меѓутоа се уште се нема став во Колска околу ваквата понуда.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »