речник контакт

Нема интерес за купување на Киро Ќучук

Во вториот обид фабриката се продава за 2,5 милиони евра

Петар Печков

Првиот обид за продажба на  велешката циглана пропадна. Никој не се јавил на тендерот за продажба на  овој некогашен индустриски гигант кој вработуваше 800 лица.

Бараната цена од 3,7 милиони евра била превисока, па ниту еден заинтересиран потенцијален купувач ниту дошол да ја види состојбата во  фабриката, ниту  подигнал документација за купување.

Поради ова Одборот на доверители одлучи да ја симне цента  на  2,5 милиони евра. Рокот за  прибирање понуди е до  крајот на  овој  месец.  Се продава целокупниот комплекс, градежни објекти, машини, хали, погони, транспортни средства.

Киро Ќучук отиде во стечај поради долгови во висина  од  10 милиони евра и   кон државата и  кон приватни доверители.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »