речник контакт

Нема кривично да се гони возачот кој стори сообраќајка, во која тешко е повредено неговото дете

Делото го сторил од небрежност и тешко го погодуваат сторителот

Петар Печков

 Обвинителството нема кривично да го гони велешанецот Т.М (35 год) за сообраќајката во која тешко е повредено неговото дете. Велешката полиција поднела кривична пријава против него за ,,тешки дела против безбедноста на луѓето,, а ОЈО Велес одлучила дека казнувањето нема цел.  

Во врска со поднесената кривична пријава пријавениот возач на Фиат пунто,  кој воедно е  родител на повреденото дете и сопруг на повредената,  сослушан е на записник пред јавен обвинител. Со оглед на ваквата состојба на работите, кога последиците од кривичното дело , сторено од небрежност, го погодуваат тешко сторителот, изрекувањето на казна во случајот не би одговарало на целите на казнувањето - пишува во одговорот на обвинителството, за овој предмет.  

Сообраќајката се случи на  1-ви ноември 2017 година околу 08.50 часот на регионалниот пат село Извор- Велес се случила сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил марка Фиат Пунто управуван од лицето Т.М. од Велес и патнички автомобил Мицубиши 1200 управуван од лицето М.С. (61 год)  од Скопје. 

Истрагата покажала дека лицето Т.М. со автомобилот Фиат пунто доаѓајќи на растојание од околу 810 м. пред раскрсницата Велес- Чашка- Извор каде е непрегледна кривина во десно, изгубил контрола над движењето на возилото и со истото преминал на левата коловозна лента наменета за движење на возила од спротивен правец по која во тој момент се движел автомобилот Мицубиши.

Поради тоа дошло до удар  меѓу возилата , при што тешко телесно биле повредени сопатниците во автомобилот Фиат пунто и тоа сопругата на возачот и нивното дете на возраст од 4 години. Повреденото дете се наоѓа во тешка здравствена состојба, без можност самото независно да егзистира.

Јавниот обвинител донесе Решение со кое не се презема кривично гонење против возачот за кривичното дело ,,Тешки дела против безбедноста на луѓето во сообраќајот,, бидејќи според Кривичниот законик во вакви околности судот може да го ослободи сторителот на кривичното дело, а со оглед на конкретните околности на случајот Јавниот обвинител оценил дека самата пресуда без кривична санкција не е потребна -додаваат од обвинителството. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »