речник контакт

Нема неправилности во работата на Модуларната болница во Велес, констатирал Државниот санитарен и здравствен инспекторат

Вонредниот инспекциски надзор беше инициран по пожарот во модуларната ковид- болница во Тетово на 8 септември при што загинаа 14 лица

Петар Печков

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) извршил увид во Модуларната Болница во Велес и не констатирал никакви неправилности при вонредните инспекциски надзори.

Ова се однесува и на  останатите 17 модуларни болници лоцирани во: Скопје , (ЈЗУ УКИБФС, ЈЗУ УК за педијатрија и ЈЗУ УК за Пулмологија) ЈЗУ КБ Штип, ЈЗУ ОБ Кочани, ЈЗУ ОБ Струмица, ЈЗУ ОБ Куманово, ЈЗУ ОБ Прилеп, ЈЗУ ОБ Гостивар, ЈЗУ КБ Битола, ЈЗУ ЗД  Ресен  - во склоп на ЈЗУ Здравствен дом, ЈЗУ ОБ Гевгелија, ЈЗУ ОБ Струга, ЈЗУ ОБ Охрид, ЈЗУ ОБ Кавадарци,,ЈЗУ ОБ Кичево и ЈЗУ ОБ Дебар. За ова во писмено соопштение информираа од ДСЗИ.

Предмет на надзор согласно надлежностите на Државниот санитарен и здравствен инспекторат бил: капацитетот на болницата со број на болнички соби, болнички кревети , дополнителни простории, моментална исполнетост  со број на хоспитализирани пациенти и од кога е во функција модуларната болница, санитарно хигиенска состојба на објектот;потврда за извршена ДДД од овластена установа; дали се извршени здравствено -хигиенски прегледи на персоналот; дали и колку од персоналот се комплетно вакцинирани начин на селекција и диспозиција на медицински отпад и договор со овластен оператор кој го подига медицинскиот отпад; број на здравствен и останат персонал кој се грижи за пациентите ( лекари, сестри, болничари,хигиеничари)дали постои писмен распоред на дежурства во модуларната болница; дали се почитува забраната за посета  на надворешни лица .

Доколку се затекне било кое лице кое е во  посета, задолжително да се евидентира во записник ; увид во здравствената евиденција која се води во модуларната болница.

За модуларните болници каде има пациенти, во однос на санитарно- хигиенската состојба, утврдено е дека е извршената Дезинфекција, Дезинсекција и Дератизација  од овластена установа, селекција и диспозиција на медицински отпад, извршени се здравствено– хигиенски прегледи, обезбедени се доволни количини на ЛЗО и средства за дезинфекција, а нема недостатоци ни во динамика на чистење и дезинфицирање на работните површини.

Во сите модуларни болници  е истакнато на видно место дека е забранета посета  и во моментот на надзор не е затекнато присуство на надворешни лица. Секаде има истакнат распоред на дежурства на здравствен персонал – лекари (специјалисти и специјализанти) и медицински сестри чија бројка е различна согласно капацитетот и бројот на хоспитализирани пациенти, соопшти МЗ повикувајќи се на извештајот од ДЗСИ.

За вработените во модуларните болници констатирано е дека се имунизирани, а дел имаат прележано ковид-19.
Вонредниот инспекциски надзор беше инициран по пожарот во модуларната ковид- болница во Тетово на 8 септември при што загинаа 14 лица.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »