речник контакт

Нема нов случај на позитивен на ковид-19 во велешко

Во велешка Болница се 16 пациенти

Петар Печков

Изминатите 24 часа во велешко нема ново регистрирани позитивни на ковид-19 а оздравени се четири пациенти. Ова се податоците кои ги објави Министерството за здравство. Активни случаи во велешко се 69 а досега биле заразени  5.467 лица.

Во велешка Болница се хоспитализирани 16 пациенти,  од кои  седум се потврдени позитивни, двајца сомнителни и седум пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се шест пациенти. На Инфективно и Интерно   одделение се згрижени по шест пациенти, а во  Модуларна болница четворица.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »