речник контакт

Нема нови случаи, но и денес починат пациент од ковид-19

Најмладиот пациент згрижен во велешка Болница има 17 години

Петар Печков

Изминатите 24 часа во велешко не е регистриран нов случај на лице позитивно на ковид-19. Затоа пак има оздравено 16 пациенти. По ова бројот на активни случаи во велешко падна на 353 лица. Податоците ги објави Министерството за здравство.

Меѓу десетмина починати за кои информира Институтот за јавно здравје има и еден велешанец. Тој е маж на 47 годишна возраст, кој починал на пат кон скопските клиники.  Тоа е 234 случај на лице кое починало поради проблемите со ковид заразата во велешко. 

Во трите ковид одделенија од велешка Болница има 51 пациент. Најмладиот од нив има 17 години, ученик во средно училиште. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »