речник контакт

Нема нови случаи на позитивни на ковид-19, ниту пациентите сакаат да се тестираат празнично

Активни се 520 случаи, хоспитализирани во велешка Болница се 29 пациенти

Петар Печков

Денес до  20 ч  нема  ново регистрирани заразени со ковид-19 во велешко, соопштија од Центарот за јавно здравје. Додаваат дека  ниту пациентите покажуваат интерес овие празнични денови, да  се тестираат.

Досега  се заразени  вкупно 2.789 лица, оздравени 2175 а денес 19 пациенти. Останува бројката од 94 починати пациенти, како последица на корона вирусот.

Активни се 520 случаи, од нив 24 се во велешка Болница, по двајца се во  Приватни клиники во Скопје, Инфективна клиника Скопје,Болница Козле и по еден во ГОБ 8-ми септември Скопје и на торако- васкуларна клиника. На домашно лекување се 488  пациенти позитивни на ковид-19.


Хоспитализирани во велешка Болница се  29 пациенти, од нив 26 се на Инфективно одделение а тројца на Интерно. Од вкупниот број лежечки пациенти   23 се потврдени позитивни, двајца се  сомнителни и  четворица  пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 11 пациенти. Од Болница се испишани се двајца  пациенти како оздравени со по еден негативен тест.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »