речник контакт

Нема нови случаи со ковид-19 во Велес, оздравени се двајца пациенти

Во двете ковид одделенија од велешка Болница, како и вчера згрижени се девет пациенти

Петар Печков

Изминатите 24 часа нема ново заразени со ковид-19 во велешко а оздравени се  двајца пациенти,  соопшти  Министерството за здравство.. Бројката на активни случаи е 35,  починати лица  од велешко нема.

Денес во двете ковид одделенија од велешка Болница, како и вчера  згрижени  се  девет  пациенти. Hа Инфективно  се хоспитализирани петмина  а на Интерно се четворица    пациенти. Нема испишани а ново  примени се двајца  пациенти.

„Потврдено позитивни се петмина, непотврдени нема  и четворица се негативни, но со потреба од болнички третман. На кислородна поддршка е еден  пациент “ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »