речник контакт

Нема ново заразени, ама има пациенти кои се згрижени од последиците на корона вирусот

Во Болница се шест пациенти

Петар Печков

Продолжува состојбата без нови случаи со ковид-19 во велешко и без оздравени. Информацијата од Институтот за јавно здравје за изминати 24 час  е дека нема промени во здравствениот билтен. Активни се три случаи.

Во велешка Болница и денес еден пациент повеќе од вчера и тоа лице кое има здравствените проблеми како последица од корона вирусот.

Хоспитализирани се шест  лица, од кои еден  е потврден позитивен, двајца се  сомнителни и тројца пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување.

На кислородна поддршка се тројца пациенти. На Инфективно  одделение се двајца   а на Интерно четворица.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »