речник контакт

Нема ново регистиран случај со ковид-19 во Велес

Во двете ковид одделенија од велешка Болница згрижени се 15 пациенти, тројца повеќе од вчера

Петар Печков

Во велешко  нема ново  регистрирани заразени со ковид-19. Изминатите 24 часа  оздравени се 13  пациенти, соопштија од Министерството за здравство. Бројот на активни случаи  изнесува рамно  сто.

Во двете ковид одделенија од велешка Болница згрижени  се 15 пациенти, тројца    повеќе  од   вчера . Hа Инфективно  се хоспитализирани  10, на  Интерно    петмина . Нема    ново примени  а испишани со еден негативен тест е еден пациент.

„Потврдено позитивни се деветмина, непотврдени се четворица  и негативен се двајца   пациенти но со потреба од болничка нега. На кислородна поддршка се четворица   пациенти“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »