речник контакт

Нема повеќе греење на ќумбиња во училиштето во Лозово

Вардарски Плански регион реализираше три проекти во Лозово, сите со енергетска ефикасност

Петар Печков

Учениците од ОУ  Методија Митевски Брицо од Лозово нема повеќе да се  греат на  ќумбиња. Во зградата каде работи оваа образовна институција поставен е топлотен систем, котлара и радијатори  со кој од неодамна се греат и учениците и вработените.  

Добивме централно греење, така сега училниците и учениците се позагреани, стоплени  имаме ефикасно греење. Потребно ни е уште  санација  на кровната конструкција и фасадата - изјави директорот Стојан  Китановски.

Овој проект е реализиран со финансиска поддршка на Министерството за локална самоуправа вреден е 1,3 милиони денари преку Вардарскиот Плански регион. 

Вардарски Плански регион  имплементираше  вкупно три  проекти во населбата Лозово, поставени  се  прозорци и врати  во Домот на културата во Лозово, проект   вреден 120 илјади денари  кој е грант од  Програмата за развој за  ОН, при што се   променети старите врати и прозори.  Воедно поставени се два  сончеви колектори  во Лозово, еден во училиштето и еден во детската градинка.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »