речник контакт

Нема повеќе продавање на стока на паркингот покрај Вардар

Отстранети се и дивите продавачи од тротоарите крај Градскиот пазар и на Којник

Петар Печков

Советниците на последната седма седница усвоија одлука предложена од градоначалникот со која нема повеќе продавање на стока, емиш и зарзават од паркингот близу ,,Пармакот,, .   Престанокот  на важност на Одлуката за определување  на простор за продавање од возила беше донесена со гласови од позицијата, бидејќи опозицијата иако беше присутна а не гласаше, ниту дискутираше. 

Оваа одлука ја  предложив по барање на СВР но и повеќе надлежни инспекции и служби - УЈП, пазарна и трудова инспекција, сообраќајна, градежна, на состанок кој неодамна го имавме. Заеднички констатиравме дека, бидејќи корисниците на овој простор не се придржуваат  и не ги  почитуваат  одредбите на одлуката за работа. Продажба не се  врши на соодветен начин, по завршувањето на продавањето просторот не го враќаат во првобитна состојба. Или сметот од пиперки, зелки, патлиџани, во зависност  од сезоната не го чистаат. Затоа е подобро просторот  да се намени за   паркирање на  возилата  - изјави   Коцевски.    

Одлуката за продажба од возила  била донесена на седница на Советот  на    07.12.2004 година, и по 13 години престанува да  важи.   Коцески ја објасни и акцијата за отстранување на дивопоставените тезги на тротоарите во близина на Градските пазари и  на  Којник.  

Отстранувањето на дивите тезги го правиме од безбедносни причини. Тротоатите се наменети за пешаци а не за  стока која тука бесправно се продава.  Многу небезбедно е  граѓаните да  се движат по  лентите за сообраќај, со што го ризикуваат сопственото здравје. Ако некој биде повреден, општиана може да  биде тужена и да  плаќа високи штети.Како што секојдневно се плаќаат по судски  пресуди,  поради казнување на кучиња скитници, кои    каснуваат минувачи низ градот. Тезгите   на  Којник се отстранети поради безбедносни причини и за нормално одвивање на сообраќајот. Имавме и петиција од   граѓани  од Којник   - рече Коцески.

Од ЈКП Дервен информираа дека тезгите не плаќале никава давачка   од  2012-та година. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »