Петар Печков
Објавено: понеделник, 03 март 2025
Можностите, предизвиците и способностите на жените со попреченост и жените од руралните средини беше темата на националнта конференција „Заедно сме посилни“ која се одржа во Велес. Претседателката Гордана Силјановска Дафкова, како гостинка нејзиното обраќање го наслови „Имаме недовршена работа“.
„Нема хендикепирани лица, има хендикепирани држави, меѓу кои се уште е и нашата. Бидејќи луѓето не препознават дека другите на друг начин ги изразуват своите способности. Не говорам за милосрдие, говорам за социјален модел на гледање на хедикепот, како гледање на правата на човекот“ – порача Силјановска Дафкова.
Бариери во животот за лицата со попреченост, постојат секаде во светот, така и во Македонија. И за почитување на нивното право е потребна примена на конвенцијата на ОН, но и меѓусебно дружење на овие лица со останатите граѓани.
„Обврзани сме да им обезебдиме подобар живот, да им дадеме пристап до здравство, образование, право на детска и социјална заштита, домување, вработување. Не сме во нивните чевли за да знаеме каков им е животот, не го доживуваме светот низ нивните сетила. За првите два месеци имаме склучено договори со 80 опшптествено одговорни фирми за работно ангажирање на овие лица, што е за 33 отсто повеќе од лани во истиот период,. За жал многу нив се ангажирани на 50 годишна возраст и повеќе. Потребен е спектар на повеќе социјални услуги, за доближување до сите нив“ – рече министерот Лимани.
Потребна е општествена и економска независност на жените од ранливите категории.
„Лицата со попреченост се можеби едно од најголемите малцинства во светот. Жените со попреченост, се соочуваат со повеќекратни пречки на стигматизација, со исклученост, затвореност, застарени сфаќања и други бариери, што го прават проблемот неколкукратно посложен“ - кажа Ларсон Јаин, амбасадорка на Шведска во Македонија.
За евроамбасадорот Михалис Рокас примарно е зголемувњето и достапноста на социјалните услиги, до лицата со попреченост.
„Изградбата на поинклузивно општество бара широк опсег на активности, од инвестирање во пристапна инфраструктура, до обезбедување еднаков пристап до образование, здравствена заштита, вработување или социјални услуги, до зајакнување на жените да учествуваат во процесите на донесување одлуки на секое ниво. Ниту една жена девојка со попреченост и од руралните средини не смее да биде заборавена“ рече Рокас.
Ако не знаете прашајте, ако сакате да дознаете разговарајте со нас. Ова беше пораката на лицата со попреченост од националната конференција „Заедно сме посилни“ која се одржа во Велес, во организација на Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености.
Tweet |