речник контакт

Немање на исправни локомотиви било причината за возовите без возен ред

Машиновозачите проговореа, патниците реагираат за забава има и бесплатен воз, за нас со платени билети чекаме со часови и се возиме во ладни купиња

Петар Печков

Машиновозачите  на Македонски железници ги  потврдуваат реакциите  на патниците  за возови без возен  ред.   Додека за едни има возови за забава, за тие со платени билети возови нема или има со доцнење или со ладни купиња.

Секојдневно се откажуваат патнички возови, наспроти најавите дека возниот парк е обновен  100 отсто.  Причина е што имаме мал број на локомотиви, вкупно 4-5  исправни кои сообраќаат на територијата на Македонија – вели машиновозач од МЖ.

Тој и неговите колеги објаснуваат дека толку локомотиви прехрануваат илјада вработени во железница.   Така се потврдија реакциите на патниците од Железничка станица Велес кои тврдеа дека утринските возови од Кочани  и до Скопје често ги нема, на железничка во Велес со часови се чека вкрстување на возовите од и  за Битола и Скопје. 

На ова патниците велат ,,За едни има бесплатен воз за забава и пропаганда а за нас кои смe  со платени билети чекаме со часови,, . 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »