речник контакт

Ненад Коциќ е кандидатот на СДСМ за градоначалник на Велес

Ненад Коциќ по професија е доктор, сопственик на специјалистичка ординација

Петар Печков

Ненад Коциќ е кандидат  на СДСМ за Велес , ова попладнево на прес конференција го објави генералниот секретар на партијата Љупчо Николовски.

 „Истражувањата, анкетите недвојбено покажаа дека најдобар кандидат од било која партијаза Велес, е  доктор Ненад Коциќ, актуелен пратеник. Меѓу велешани е познат поборник за „зелен Велес“  за здрава животна средина“ - кажа Николовски.

Ненад Коциќ по професија е доктор, сопственик на специјалистичка ординација.  Тој е пратеник во републичкото собрание  избран летото минатата година. Во еден период тој беше и претседател на ЕД „Вила Зора“ од Велес. Коциќ на неговиот ФБ се заблагодари за довербата.

„Привилегија е да се добие можноста да се води најубавиот Велес и околните китни села!!! Борбата за поубав, поразвиен, позелен Велес продолжува“ - порача Коциќ.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »