Петар Печков
Објавено: понеделник, 12 март 2018
Во велешкиот суд за половина година ова е трета изречена мерка, задолжително лекување за обвинетиот, по сторено убиство, поради негова непресметливост.
Благојче Шумановски го застрела Тоше Коцев, откако цела ноќ биле заедно и биле неразделни пријатели.
Илија Јуртиев ја удри со секира во глава сосетката Рахилка Темелкова без причина и ја усмрти, а беше обвинет и за две убиства во обида, на синот на Рахилка - Зоран и снаата Славица.
Спасе Велјанов го уби со чекан по глава Димче Најдов а се обиде да ги убие и сопругата на Димче - Ленче, ќерката Тања, братот Тодор и снаата Весна. И сите без некоја причина и мотив, освен во главата на сторителот.
Но тука списокот на задолжително лекување не завршува. Имаше повеќе случаи.
Сограѓанка од комплекс УЗУС која ги малтретираше соседите, поранешна директорка на училиште која ги малтретираше вработените, велешанка која запали трло и дури сама се повреди, се изгоре од огнот ..
Tweet |