речник контакт

Непристапно омиленото излетничко место на велешани

Дивоградби го блокираа приодот до реката Бабуна.

Петар Печков

Г?аѓаните се револтирани бидејќи лете спас од горештините наоѓаа крај оваа планинска река, каде што сега се распослани стотина нелегални градби на узурпирано државно земјиште.

Омиленото излетничко место на велешани, долниот тек на реката Бабуна, стана недостапно за излетниците поради дивоградбите крај брегот на реката. Велешани се револтирани бидејќи летно време спас од горештините наоѓаа крај водата на оваа планинска река.

Состојбата секоја година е се\' полоша, а локалната власт најавува дека проблемот ќе го решава со легализација на објектите што го узурпираат државното земјиште. Пред повеќе години по иницијатива на градоначалникот беше донесена одлука месноста Бабуна да се прогласи за карактеристичен пејзаж, за природните убавини да се зачувуваат од уништување.

- Локалната власт едно ветува на хартија, друго прави во практика. Зошто не се спроведува документот што го донесоа, со кој овој предел треба да се зачува. До кога во градот ќе царува урбаната мафија? - прашува Никола Ристов, излетник, кој во лето секој викенд е тука.

За неколку години стотина дивоизградени објекти без никакви услови и инфраструктура никнаа покрај реката. Просторот се узурпира по проверен рецепт.

Прво, се оградува парче земја, каде што се засадуваат земјоделски или градинарски производи, потоа се гради дрвена куќарка, која потоа прераснува во дивоградба.

Наместо да се спречат уништувањето на околината и загадувањето на реката Бабуна, се случи спротивното - изникна дива населба. Ниту еден нелегален објект од 57-те, колку што беа регистрирани пред неколку години, досега не е срушен, а сега има стотина. Граѓаните протестираат, градоначалникот наместо да се придржува до документот што го предложи, се обидува со нови половични решенија.

- Бидејќи бројот на дивите објекти е значително зголемен, не можеме сите да ги рушиме. Нешто што се вклопува во средината ќе оставиме, а поголем дел ќе срушиме - изјави Аце Коцевски, градоначалник на Велес.
\"\"
Тој нема одговор на прашањето како ќе се реши проблемот со отпадните води и канализацијата, бидејќи на локалитетот нема никаква инфраструктура. Иако општината се повикуваше на законот, според кој не смее да се дозволи оштетување на природната реткост, тоа се случува во пракса. Излетничкото место се претвори во приватни хациенди - револтирани се велешани.

Засега екологистите не реагирале што во реката се излеваат канализацијата и отпадните води од дивоградбите. Локалитетот во долниот тек на реката Бабуна го опфаќа просторот од природната реткост Пешти, па се\' до вливот во реката Вардар, простор со географска особеност, природна убавина, како и историското и културно значење. Поради пештерите овој дел се издвојува како посебно значен простор.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »