речник контакт

Неработни денови во 2016-та

Повеќето се вторник и четврток, тешки за спојување. Први мај и Велигден заедно

Петар Печков

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2016 година неработни денови се:

За сите граѓани на РМ

1 јануари (петок), Нова Година

 7 јануари (четврток), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар

1 мај (недела), Ден на трудот, односно 2 мај (понеделник) е неработен ден

2 мај (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар

24 мај (вторник) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители

5 јули (вторник), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам,

2 август (вторник), Ден на Републиката

8 септември (четврток), Ден на независноста

11 октомври (вторник), Ден на народното востание,

23 октомври (недела), Ден на Македонската Револуционерна Борба, односно 24 октомври (понеделник) е неработен ден

 8 декември (четврток), “Св. Климент Охридски”

За граѓаните од православна вероисповед

6 јануари (среда), Бадник, ден пред Божик

19 јануари (вторник), Богојавление (Водици)

29 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден

17 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден

28 август (недела), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

За граѓаните од католичка вероисповед

28 Март (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден

1 ноември (вторник), Празникот на сите светци

25 декември (недела), првиот ден на Божик

За граѓаните од муслиманска вероисповед

12 септември (понеделник), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

22 ноември (вторник), Ден на Албанската азбука 

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ

27 јануари (среда), Свети Сава

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ

8 април (петок), Меѓународен ден на Ромите

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

23 мај (понеделник), Национален ден на Власите

 

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

12 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

28 септември (среда), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

 21 декември (среда), Ден на настава на турски јазик

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »