речник контакт

Нереални барања за бензиска пумпа

Руската Лук Оил има нереални барања за бензиска пумпа во Велес, поради што...

Петар Печков

Руската Лук Оил има нереални барања за бензиска пумпа во Велес, поради што проектот не може да се реализира, предупредуваат од локалната власт на Велес.

И покрај повеќето понудени локации, русите инсистирале бензиската пумпа да биде пред зградата на Општината.

- Во Велес тие сакаат да градат во дворот на општината, во парковската зелена површина. Јас ова енергично го одбив по што Лук Оил не се јавија. Разочаран сум  од нивната постапка, бидејќи со денови работевме на обезбедување на локации кои се интересни но повратни информации неколку месеци немаме - изјави Аце Коцевски градоначалник на Велес.  

Биле понудени места покрај автопатот Скопје-Гевгелија, на магистралниот пат Велес - Штип а русите за нив сеуште не се изјасниле.

Коцевски е дециден дека по никој цена нема да прифати бензиска во дворот на општината и преку пат на прехранбената индустрија во Велес, наспроти најголемиот снабдувач со леб Жито Вардар и Маслодајна.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »