речник контакт

Нерешено за ракометарите на гости во Скопје, победа за футсал екипата на Велес

Убедлива победа за Борец 1919 дома и реми на Превалец на гости, во Треата лига Југ

Петар Печков

Екипата на Велес во  футсал во првата лига со убедливи 12:6  ја  победи Илирет од  Куманово. Со оваа победа велешани безмалку го осигураа опстанокот  во  најквалитетното друштво. Тие се  7-ми со 31 бод, шест бодови повеќе од  претпоследниот тим на Црна Река,  место кое носи бараж за опстанок. Во следното, претпоследно  коло Велес гостува  на екипата на   Јувентус во Штип.  

Ракометарите на  ГРК Борец на гостувањето во Скопје, против екипата на Вардар Јуниор  одиграа нерешено 26:26, (11:12). Иако во второто  полувреме и  финишот велешани постојано беа во водство со по еден гол, не успеаја да победат. На шест секунди пред крајот најефикасниот играч во редовите на Борец,  Анастасовски не реализираше пенал за победа. Тој со 8 постигнати гола  (6 од 7 метри)    и Гинов со 6 гола  беа најефикасни во Борец, додека  кај Вардар Јуниор  Мартин  Манасков со 6 гола.  По ова пето коло  од разигрувањето Борец остана петти со  20 бода, четири помалку од Пролет. Ова место носи бараж за опстанок во Супер  лигата. Во следното коло Борец гостува  на екипата на Радовиш која има 24 бода.

 Во Третата фубалска  лига Југ, победа за Борец 1919 дома  и нерешено за Превалец на гости. Борец 1919 дома  со високи 8:0 го победи соседот на табелата Дојранско езеро. Со овие 8 постигнати гола, велешани се најефикасни во оваа конкуренција и се 5-ти со 30 бодови.  Едно  место  погоре е екипата на  Превалец со 34 бодови, откако се  врати непоразена  од   прилепско Горно Коњари  каде  играше нерешено 2:2 со  истоимената екипа,    која  се  бори за спас од    излегување. Во последното коло ,  наредниот викенд Преваелц дома  игра со екипата на 11-ти Октовмри,  која е  6-та со 29 бода. Борец 1919 пак гостува  на новиот провак Вардар во Неготино. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »