речник контакт

Несоодветно постапување со отпадот ја затнува канализацијата

Еден од честите проблеми со кои се судруваат вработените во ЈКП Дервен е чистење на затната канализација

Петар Печков

Еден од честите проблеми со кои се судруваат вработените во ЈКП Дервен  е чистење на затната канализација. Тоа се случува на различни делови од градот.Последен пат тоа беше  случај на  канализационата линија на ул. 11 Октомври, кај станбената зграда до Трговскиот центар.

„При интервенциите на вработените, утврдено е дека причина за затнувањето е огромно количество на влажни марамчиња, кои се неразградливи и не смее да се фрлаат во канализацијата“ – велат од ЈКП Дервен.

Апелираат до сограѓаните да не фрлаат во WC школките отпад од домаќинствата, масло, пепел од огништата или влажни марамчиња, поради тоа што за кратко време настанува затнување на канализацијата и може да дојде до несакани последици.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »