речник контакт

Неуспешен обид на ВМРО-ДПМНЕ

Неуспешен обид за превземање на власта на локално ниво од страна на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи ВМРО-НП ги извисија.

Петар Печков

Неуспешен обид на ВМРО-ДПМНЕ да ја превземе власта во Советот на општина Велес, откако владеачката коалиција на СДСМ ја напушти советникот Зоран Ѓуровски од „Партијата на зелените“.

Иако веќе беа доставени како предлози за избор на нов претседател на Советот и нови членови на УО на ЈП на локално ниво, овие точки ВМРО-ДПМНЕ ги повлече бидејќи немаа доволен број гласови, откако двајцата советници на ВМРО-НП си заминаа од седницата.

Од ВМРО-НП велат дека добиле препорака од партијата во Скопје да не присуствуваат на работата, по што опозицијата немаше можност за преврат.

Неофицијалните информации се дека во ВМРО-НП од Велес владее незадоволство бидејќи тие при распределбата на власта, не добиле ниту едно раководно и директорско место.

Советникот Ѓуровски најави дека ќе настапува како независен кандидат и е втор, кој ја напушта владеачката коалција „За Македонија“ по минатогодишните парламентарни избори откако претходно тоа го стори советникот д-р Никола Нацев од ВМРО-ВМРО и премина на страната на велешката опозиција.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »