речник контакт

Нешто се пополни, друго празно по вториот уписен рок на факултетите во Велес

На 17 септември последна можност да се запишат завршените средношколци

Петар Печков

Завршените велешки средношколци ретко се решија да го продолжат студирањето во родниот град. И по вториот круг има слободни места,  на факултетите кои работат во градов, нешто се потполни други не.  Празни места има на Техничко –технолошки и на Економски, другите или пополнети (Факултетот за туризам и угостителство и  Техничкиот факултет)  или празни  (Земјоделски факултет - винарство и лозарство ).

На Економски факултет  од Скопје  диспензирана настава во Велес  по сметководство и ревизија во вториот уписен рок примени се  седум студенти а во првиот уписен рок беа примени  19 редовни во државна квота. Или вкупно примени се 26 остануваат уште 14 слободни места.

Во вториот уписен рок на Факултетот за туризам и угостителство од Охрид во Велес на   диспензирана паралелка  хотелско ресторански менаџмент се запишале 21 бруцоши  и заедно со првиот уписен рок на овој Факултет нема  повеќе слободни места (ако сите примени и се запишат).

На Техничко –технолошкиот факултет кој има седиште во Велес во прва година на  нутриционизам  примени во вториот уписен рок се  8  а на биотехнологија примени се   7 студенти.   Претходно беа примени  23 редовни на нутиционизам и на  биотехнологија  3 редовни . И на двете насоки се примаа по 40  редовни студенти.

Во првиот уписен рок за бруцошите  се пополни   Техничкиот факултет од Битола  отсек информатика и компјутерска техника диспензирана настава Велес каде се запишаа 54  редовни студенти во прва година.

 На Земјоделски факултет диспензирани студии по винарство и лозарство во Велес откако  во првиот уписен рок  се пријавил само еден и не беше примен, не се распиша втор уписен рок. Останува загатка, зошто  завршените средношколци велешани немаат интерес за ова наставна програма, оти и лани за неа  никој не беше пријавен.

Третиот упис  за прва година таму каде има слободни места е на 17 септември. Годинава има во Велес дури за 270 места помалку отколку лани за упис на бруцошите, но и овие 420 тешко се пополнуваат.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »