речник контакт

Ни Борец, ни Леов Бартек не се за Европа

Велешките ракометни клубови ја отфрлија понудата на Ракометната федерација за настап во Челенџ купот на ЕХФ.

Петар Печков

Вчера беше последниот рок кога македонските екипи можеа да се пријавата за учествово Евро-куповите. Откако некои екипи, кои имаа можност според пласманот да заиграат во Европа откажаа, тоа во последен момент им беше понудено и на велешките супер лигаши.

Иако машката екипа на Борец беше 9-та и во бараж обезбеди опстанок, и женската екипа на Леов Бартек, која беше седма, тие добија понуда од РФМ да играт во Челенџ купот , третото по ранг натпреварување на ЕХФ. И двата велешки клуба со ист став ја одбиле оваа можност, со образложение дека тие на спортски план не го обезбедиле учеството, инема потреба на друг начин да играат на евро-сцената.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »