речник контакт

Ни ветувањата не ги одржуваат

И покрај ветувањата на локалните власти, шутот кој заврши на гробните места од изградбата на камената ограда, не се исчисти ни за Велгиден

Петар Печков

Не мало, непријатно изненадување, доживеаја сопствениците на гробните места во црквата Св. Пантелејмон кога за велигденските празници ги посетија вечните домови на нивните блиски. Градежен шут, малтер, камења, цигли се најдоа на стотината гробни места некои и со оштетени споменици,  што предизвика револт кај граѓаните. Тие не можеа да веруваат дека надлежните ја заборавиле обврската, да го исчистат сметот, кој е направен од изградбата на  камената ограда.

Разочарани сме од локалната власт, која иако зема обврска да го исчисти сметот тоа, не го стори. Кога дојдовме на овој голем христијански празник Велигден на гробиштата, бевме изненадени од сликата што ја видовме. Иако до општинските службеници посочувавме дека имаат обврска тоа да го исчистат и добивме уверување дека ќе го сторат, не се случи. Моравме сами да ги средуваме работите, со лопати и вреќи да изнесуваме шут – велат велешани кои имаат гробни места покрај приодниот пат до црквата.

Тие објаснуваат дека прво се рушела претходната ограда, од која се што паднало, останало на гробиштата, за потоа да се гради нова. Од општината велат дека тие биле инвеститори, но дека изведувач на работите била фирмата  Урбан – Инвест од Кавадарци.

На изведувачот му посочивме дека има реакции од граѓаните и дека тие треба да го исчистат градежниот шут, кој останал од нивната работа. Но тоа не го сториле – изјавија од општина Велес, но не прецизираа кој ќе  ги сноси трошоците за направената штета.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »