речник контакт

Ни по четири години не заврши судењето на членовите на ВМРО-НП

Пет пати ослободителна пресуда, Апелација четири пати ја враќа. Им се суди на двајца членови на ВМРО-НП за ,,загрозување на сигурноста,, за екс сопартијката која по локалните избори премина во ВМРО-ДПМНЕ

Петар Печков

Четири години трае судењето во случајот  со двајца членови на  ВМРО НП за кривичното дело  ,,загрозување на сигурноста,, , и со исто толку  изречени ослободителни пресуди, кои Апелација од Скопје  ги враќа.

Деновиве во Основен суд Велес заврши петтото судење а судијата Шефшет Адеми, како и во претходните случаи ја донесе истата, ослободителна пресуда.  Слободан Близнаковски сега член на ИО тогаш координатор на Трета ИО  на партија и Зоран Арсовски тогаш претседател на  ОК ВМРО-МП за Велес се ослободени со  образложение ,, со ниту еден доказ во постапката делото  не е потврдено,, пишува во пресудата.

Четири пати не судат,  велешкиот не ослободува а исто толку пати Апелација ја враќа. Докази нема, не знам што повисокиот суд бара, но знам дека неправедно сме обвинети – изјави Близнаковски по петтото судење одржано во  Основен суд  Велес.  

Тој е обвинет дека на 13-ти април на партиски состанок на ВМРО-НП  во Велес и се заканил на Рајна Стојанова, советничка од ВМРО-НП која на тогашните локални избори беше во коалиција со СДСМ и од заедничката листа влезе во Советот на Општина Велес. Но веднаш по изборите таа премина во ВМРО-ДПМНЕ. 

Близнаковски според обвинението  на партиски состанок  и рекол,, Ти на мек тон не разбираш, ќе треба да ти кажам грубо, доколку не го вратиш советничкиот мандат ти и твојата фамилија ќе бидете искоренети, не си свесна што правиш и што ќе ти се случи, ќе дојдат луѓе од страна- знаеш од каде од Бугарија“.  Овие зборови таа ги доживеала како траума.

Второ обвинетиот Арсовски на Стојанова според обвинителниот предлог и упатил сериозни закани со зборовите  „Да знаеш ќе донесат специјалци од Бугарија и нема да помине се така лесно, тоа ти е поздрав од Љубчо Ѓорѓиевски“. Од овие зборови оштетената се почувствувала несигурна и загрозена и се исплашила за својот и животот на членовите на  семејството.

И двајцата обвинети ги отфрлаат обвинувањата, ниту сведоците на настанот ги потврдуваат дека овие закани биле кажани.  Наспроти тоа двајцата обвинети и сведоците, на судењето кажаа дека Стојанова на состанокот се жалела на притисоци од другата страна.

Таа  на прашањето за заканите што наводно ги добивала од другата страна,  рече дека  нема да одговори.  Странките сега ја очекуваат петата одлука на Апелација, која само го враќа предметот на ново судење, иако има можност да  ја преиначи одлуката или да ја  потврди.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »