речник контакт

Ни тротоар ниту ограда од Долни Дуќани до центарот

Жителите од Долни Дуќани небезбедно стигнуваат до градот

Петар Печков

Врската на жителите од  Долни Дуќани со градот е небезбедна и опасна за минување. Тоа е улицата Димко Најдов, на релацијата од Стар мост  до вливот на Тополка. Патот нема ограда во поголем дел од неговата должина, отстранети се бетонските столпчиња и металните држачи. Така меѓу патот и железничката пруга која минува тука, нема ограда, нема ниту тротоар. Жителите од Долни дуќани бараат ваквата состојба да се реши.

Нашата врска со градот е улицата Димко Најдов, која нема ограда до пругата, нема ниту тротоар. Таа е опасна по децата кои одат на училиште, кога излегуваат во град. Возачите брзо возат и добро е што не се случило досега несреќа, но бараме од надлежните да се остави ограда и  изгради тротоар - велат жителите од овој дел на градот. 

Овој проблем секогаш се актуелизира во времето  на пролет по посетата на манастирот Св. Димитрија. Тога илјадници  велешани се сведоци, како нивните сограѓани имаат мака, безбедно  да ја минат должина од неколку стотини метри. Од локалната власт  велат дека се запознаени со ваквата состојба но тие не можат ништо да преземат.

Улицата Димко Најдов е регионален пат, дел од  Р- 103. Поради што  улицата е во надлежност на Агенцијата за државни патишта и таа се грижи за неа – велат од општината.

Од Агенцијата пак кратко одговорија дека досега никој кај нив не се јавил за било каков проблем на овој регионален пат и тие не се запознаени со случајот,за да може по него да постапат.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »