речник контакт

Низ Македонија почнаа мигранти и од Непал да транзитираат

Во возило кое го управувал жител на радовишко село, кај наплатна рампа Демир Капија откриени 20 мигранти

Петар Печков

Во текот на вчерашниот ден 11 октомври, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово и Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода В.К.(36 год ) од село Дамјан, радовишко, затоа што во возило комбе „фиат дукато“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 20 лица мигранти од Непал.

„Околу 13.20 часот во близина на наплатна станица Демир Капија, во правец Неготино- Демир Капија, полициски службеници го забележале возилото и дале знак за негово запирање. Возилото продолжило со движење, по што на наплатната станица возачот го запрел и тој со уште едно лице го напуштиле местото. При преглед во возилото биле пронајдени мигрантите, а по преземени мерки бил пронајден возачот В.К., кој бил лишен од слобода “ - соопштија од МВР.

Мигрантите се  сместени во прифатно- транзитен центар во Табановце и во Прифатниот центар за странци- Скопје. По целосно документирање на случајот, против возачот  ќе биде поднесена соодветна пријава.

 фото илустрација

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »