речник контакт

Низ отпадниот индустриски канал тече моторно масло

Во кругот на Маслодајна низ одпадната мрежа тече користено моторно масло

Петар Печков

Нов еколошки инцидент во Велес, низ индустриската отпадна мрежа тече моторно масло, кое може да заврши во Вардар.  Оваа црна дамка случајно е пронајдена во  одводната мрежа на дворот од велешката фабрика за масло ,,Благој Ѓорев,, . Тој е констатиран  од четвртокот попладнето и надлежните започнале   истрага од каде доаѓаат  овие материи.

При копање на нашата механизација за потребите на фабриката, се појави дупка во одводната мрежа.  Од отворот може да се види дека голема мрсна црна дамка , дека тече моторно  масло а се шири и непријатна реа.  Како совесни фирма, веднаш ги повикавме надлежните инспектори, дојде локалниот од општина Велес. Нека истражат и нека се констатира од каде е таа, за да не се фрла  само по нас дека ние сме загадувачи – велат од Маслодајна.

Испусниот  канал што тече низ нивниот двор, ја собира отпадната вода од повеќе индустриски капацитети од овој дел на градот и истиот  завршува во Вардар. Така што сите тие можат да бидат  евентуалните сторители кои маслото го фрлиле во овој канал. Од Маслодајна објаснуваат дека тие го собирале маслото, за да не се случи  еко- хаварија на реката. Надлежниот локален еколошки инспектор бил на терен и сега се истражува кој е причинителот,  кој и зошто  го фрлил моторното масло во индустриската канализација.

Заедно со вработени од ЈКП Дервен излеговме на терен за да констатираме што има пронајдено во отпадниот канал.  Станува збор  за употребено моторно масло кое некој го фрлил во оваа индустриска отпадна мрежа.  Од увидот  на терен можеше да се види дека на неа се приклучени на диво повеќе фирми и поединци, така што засега не можеме да кажеме кој го фрлил – вели Милјана Манаскова Шуркова  инспектор за екологија во општина Велес.

Таа  ја  отфрла можноста дека   истиот сторител  стои и зад масната дамка која пред два месеци пловеше по Вардар. Објаснува дека во првиот случај таа беше светла и била  од органска материја, додека сегашната е црна и е моторно масло.  Но апелира дека треба да се актуализира состојбата со оператор на канализационата и отпадна  мрежа во градот, за да се има регистер на фирми и поединци кои ја користат.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »