речник контакт

Никако да проработи мерната станица на УХМР во Велес

Велешани не знаат какви температури имаат

Петар Печков

Мерните инструменти од станицата на УХМР поставена во дворот на Болницата  никако да бидат ставени во функција.

Откако до средината на ноември тие исчезнаа од системот на УХМР не се вратени.

Надлежните најавија дека оваа грешка, која била компјутерска поради  ниските температури ќе се отстрани,  но досега не се  случи.

Така мерната станица која помпезно беше најавена и отворена нема функција.

Граѓаните на Велес не знаат колкава е температурата во градот, брзината и правецот на ветерот, количината  на врнежи и другите параметри што таа ги мери. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »