речник контакт

Никола Мицевски сабота вечер со концерт во Велес (видео)

Како гости најавени се гитаристот Дамјан Пејчиновски и хорот Св. Кирил и Методиј од Велес

Петар Печков

Никола Мицевски, сабота  вечер, 18 февруари, вечер  со почеток во 20ч. има солистички концерт во Велес, на сцената на велешки театар. Тој ќе го промовира неговиот албум „New Era" а како гости најавени се гитаристот Дамјан Пејчиновски и хорот Св. Кирил и Методиј од Велес.

Мицевски  изминативе години стои  позади познатите музички имиња во Македонија како автор на нивни нумери, кои се големи хитови. Тој  доаѓа со свој солистички концерт во Велес, со концертната промоција на неговиот албум "Нова ера" co  40-тина врвни музичари и хористки на сцена.

Овој албум  претставува мешавина  на различни  музички жанрови со кој постигна голем успех кај публиката.

Организатор на концертот е Општина Велес.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »