речник контакт

Никој не ја знае историјата за Македонскиот грб

Никој не памети кога во минатото бил донесен сегашниот изглед на грбот, а институциите ги префрлуваат надлежностите една на друга. Трага од првобитниот грб, донесен на 27 јули 1946 година, денеска нема. Не постои ниту првичното толкување за планината Пирин и реката Вардар...

lj lkjl

Ниту една од надлежните
архивски институции во државава не знае кога е променет првиот грб на
Македонија и евентуално каде се чува оригиналот на кој е прикажана
планината Пирин.


 Никој не памети кога во минатото бил донесен сегашниот изглед на
грбот, а институциите ги префрлуваат надлежностите една на друга. Трага
од првобитниот грб, донесен на 27 јули 1946 година, денеска нема. Не
постои ниту првичното толкување за планината Пирин и реката Вардар, па
денеска некои толкуваат дека станува збор за Љуботен, некои за Шар
Планина, Кораб, Охридско Езеро, Вардар…


 Стојан Андов, е еден од најстарите политичари во земјава. Активен
е во тоа поле од 1967 година, кога бил избран за градоначалник на
Кавадарци. Но, не се сеќава кој наредил да се промени грбот.


 - Не сум сретнал кога е донесена таквата промена на грбот. Активен
сум во политиката од шеесеттите години, но немам сретнато никаков
податок за промена и толкување на грбот – ни изјави вчера Андов.


 Ниту академикот Блаже Ристовски, еден од најстарите членови на
МАНУ по стажот и долгогодишен претседател на тамошниот историски оддел,
не помни дека наишол на информација за тоа кој и кога го променил
грбот. Но, потврдува дека планината на грбот го претставува Пирин.


 - Немам податок кога и кој го променил првиот грб. Би требало да
се бара. Знам дека грбот само малку е променет дизајнерски. Водата и
денеска ги претставува македонските езера, но и Егејско Море. Трите
линии што се вкрстуваат се деловите на Македонија. Планината мислам
дека ги претставуваат Шара, Пирин и можеби планината Пинд – објаснува
Ристовски.


 Вчера се навршија 60 години од донесувањето на државниот грб на
Македонија. Но, според податоците до кои дојдовме, изгледот на тој
симбол не е идентичен со актуелниот грб на државава.


 Освен во графичкиот дизајн, на првиот грб што го донело Собранието
на Народна Република Македонија е опишано дека „планината што се гледа
во заднината е Пирин, најголемата македонска планина, додека реката во
подножјето е Вардар. Пирин и Вардар го симболизираат единството на сите
делови на Македонија“, пишува во весникот „Нова Македонија“ од 28 јули,
1946 година.


 Во Државниот архив на Република Македонија вчера ни рекоа дека во нивните депоа не постои оригинален отпечаток од првиот амблем.


 - Немаме ништо од тоа – кратко ни изјавија оттаму.


 Тој грб подоцна графички бил променет и истата форма ја има до ден денеска.


 - Официјално не се знае кога е стилизиран првиот грб со денешната
форма – објаснува Јован Јоновски од Македонското хералдичко здружение.
Постојат претпоставки дека се работи за случај кога биле графички
предизајнирани сите донесени грбови на републиките во СФРЈ, но кај нас
никаде нема информација за тоа.


 Во Парламентот на Македонија вчера рекоа дека кај нив не сретнале
таков архивски податок, но тврдат дека ако некаде се чува оригиналниот
прв грб, тоа е во државниот Архив.


 - Колку што знаеме оригиналот е во државниот Архив - ни изјавија од Собранието.


 Но, претходно ниту таму не го пронајдоа.


 “Време“ пред неколку месеци пишуваше дека земјава не заштитила и
не зачувала ниту еден грб од нејзините државни институции, па ниту
државниот. Според информациите до кои дојдовме од Париз, каде се наоѓа
централниот депозитар на грбови и знамиња од светот (6-тер), заштитено
е само актуелното знаме.


 Дознавме дека грбот на градот Скопје се води како сопственост на
Србија. Во земјава не постои ниту стручно државно хералдичко тело кое
би се грижело за заштита на институционалните или на приватните симболи
на граѓаните, освен невладината организација „Македонско хералдичко
здружение“.



извор: време

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »