речник контакт

Ниските температури ја покачија потрошувачката на вода

Потрошувачката на вода во јануари е како во лето

Петар Печков

Ниските ноќни температури деновиве во Велес драстично ја зголемија потрошувачката за вода. Во страв да не замрзат чешмите, одделни граѓани ги оставаат да течат преку ноќ.

 „Последниве три дена просечно се троши 160л/сек вода, минатата година просекот за  месец јануари бил 147л/сек. Во лето се движи од 163 до 180л/сек“ -посочија од ЈКП Дервен.

Во  еден дел на градот, во месноста Потокот се создал мраз кој го отежнува движењето на истите тие жители, што ги оставиле чешмите па вработените од ЈКП Дерен мораа да посипуваат сол, за да се овозможи непречено движење. 

Oд ЈКП Дервен препорачуваат чешмите да се сочуваат од замрзнување така што ќе ја завиткаат водомерната инсталација со дебела ткаенина и ќе ги затворат вентилите на чешмите во дворовите.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »