речник контакт

Ниту во третиот обид не започна судскиот процес против поранешниот градоначалник на Велес и тогашниот претседавач

Отсутен беше Александар Колев, кој се наоѓал службено, како доктор во Белград

Петар Печков

Ниту во третиот обид, во Основниот суд во Велес,  не започна судскиот процес против екс градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев и тогашниот претседавач на Советот Александар Колев. Втор пат беше отсутен Колев, кој според доставената документација од неговиот бранител, Коста Нојков, со одлука на УОП на ЈЗУ УК Државна кардиохирургија  се наоѓал службено во Белград, Србија. Таму ќе престојувал еден месец.

Адвокатот Нојков ја достави и медицинската  документацијата, како оправдување   , зошто Колев беше отсутен на рочиштето од 30 септември.  На двете рочиште присутен е екс градоначалникот Чадиев. Почетокот на судењето за овој процес, судијата Шефшет Адеми го закажа за средината на ноември. Чадиев и Колев се обвинети за злоупотреба на службената должност. 

Според обвинението, поранешниот  градоначалник Славчо Чадиев  усно допуштил тогашниот претседател на Советот во периодот од 23 февруари 2014 година до 9 август 2016 година, во повеќе наврати да користи две службени возила за приватни потреби.

Претседател на Советот на Општина Велес Александар Колев, без да поднесе писмено барање, возилата ги управувал самостојно и за себе прибавил имотна корист од поголема вредност, пишува во обвинението. Тој во повеќе наврати вршел и набавка на гориво за двете возила за што потрошил 170.598 денари, кои потоа биле исплатени со пари од Општината.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »