речник контакт

Ниту еден нов случај на ново заразени со ковид-19 во велешко, но три починати лица

Во велешка Болница вкупно се хоспитализирани 72 пациенти, бројот на активни случаи падна на 457

Петар Печков

Трет пат за трета седмица, во велешко нема ново зарaзени со ковид-19 а оздравени се 14 пациенти. Ова зе податоци за изминатите 24 часа,кои ги објави Министерството за здравство. Или бројoт на активни случаи падна на 457 а досега биле заразени 5.411 лица. 

Министерството за здравство соопшти дека изминатите 24 часа  починати се три  лица од Велес  на 64 години, на 72 години и на 73 години. Со ова бројката на починати лица во велешко, од последиците на корона вирусоте е 169 лица. 

Во велешка Болница вкупно се хоспитализирани 72 пациенти,  од кои 56 се потврдени позитивни, шест сомнителни  и десет пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување.

На кислородна поддршка се 26 пациенти, на Инфективно  одделение се 40, на Интерно седум и во  Модуларната болница 25. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »