речник контакт

Ниту по еден месец не се најде решение за барањето на матичните доктори, за отворање приемен пункт за сомнителни случаи на ковид-19

Директорите на Болницата, Здравниот дом, Центарот за јавно здравје и матичните доктори имале состанок, но не нашле решение, засега

Петар Печков

Три седници по ред на Општинскиот кризен штаб, матичните доктори од Велес бараат тријажен, примен пункт за лица сомнителни на ковид-19, но ниту по еден месец решение нема.  

Целта на отоврањето на ваков пункт,  е  да се избегне  овие сомнителни случаи,  да се мешаат со пациенти во чекалниците на матичните доктори и да контактираат со други пациенти. Така би се намалил притисокот  врз болницата, рендген одделението.


Одговор на ова прашање на денешната седница побарав и јас. Дали постои во друг град во земјава  вакво решение,  дали функционира, кои се позитивните кои се негативните страни. Овој пункт треба да биде во здравствена институција, со соодветна опрема, таму каде се одвива здравствена дејност.  Потребно е  да се земе крв, да се направи рентген снимка, па после тоа  пациентите да се упатуваат во здравствените институции каде треба, според нивната здравствена состојба. Потребно е и одбрение од Државниот здравствен инспекторат  - кажа  градоначалникот Коцевски.

Додаде дека директорите на Болницата, Здравниот дом, Центарот за јавно здравје и матичните доктори имале состанок, но не нашле решение, засега. На денешната прес конференција Коцевски соопшти дека  вкупно 29  здравствени работници од  градот се позитивни на ковид -19, 18 се од Болницата, шест од Центарот за јавно здравје, три од Здравен дом и двајца матични доктори.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »