речник контакт

Ниту салата „Гемиџии“ се поправи, ниту Велес ќе биде домаќин на Европската лига во одбојка

Спортската сала „Гемиџии“ со години, повеќе од две децении не е домаќин на официјални меѓународни натпревари, пoради низа недостатоци

Петар Печков

Иако и локалната власт и Агенцијата за млади и спорт, на 15-ти март најавија дека заеднички ќе преземат санација на дел од Салата Гемиџии, за да во неа се одржат натпреварите од Европската одбојкарска лига, тоа не се случи.

Така иако најавено дека Велес ќе биде домаќин, Струмица ќе биде градот каде најдобрите македонски одбојкари ќе настапат во Сребрената Европска  лига и тоа во два наврати, групата и во завршницата. 

Градоначалникот заедно со директорот на АМС Наумче Мојсовски, оптимистички изјавија дека заеднички ќе ги санираат недостатоците, тоа воопшто и не започна.  

„Дојде секретарот на ОФМ, дојде директорот на Агенцијата за млади и спорт, но за жал. никакви активности не беа преземени“ - рече Коцевски. Мојсовски при посетата на Велес на 15 март рече дека    „се изготвува решение, колку побрзо го изготви локалната власт, толку побрзо ќе се реагира“.

Спортската сала „Гемиџии“ со години , повеќе од две децении не е домаќин на официјални меѓународни натпревари, пoради низа недостатоци.  Меѓу нив се: уредување на  сите четири соблекувални, прес салата, просторија за антидопинг, просторија за официјалните лица. 

Откако пропадна ова шанса, неизвесно е кога велешани ќе можат да следат некој официјален натпревар на македонската репрезентација во екипен спорт- кошарка, одбојка, ракомет.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »