речник контакт

Нов, светски леб од Жито Вардар за велешани

Жито Вадар започна со производство на специјален тип на бел леб - "Баланс", со додаток кој содржи инулин и олигофруктоза, состојки екстрахирани од корен на цикорија.

Петар Печков

По тримесечната проверка на стандардите на целокупниот производен и дистрибутивен процес на пекарски производи, светски признатиот производител на здрави додатоци во прехранбени производи - БЕНЕО-Орафти, одлучи на компанијата Жито Вардар да и додели ексклузивна дозвола за производство на прехранбени производи со етикета на БЕНЕО бренд.

Оваа етикета може да се најде само на оние прехранбени производи кои имаат научно докажан позитивен ефект врз дигестивниот систем. Се работи за производство на специјален тип на бел леб - "Баланс", со додаток кој содржи инулин и олигофруктоза, состојки екстрахирани од корен на цикорија. Од компанијата велат дека за оваа година се планирани уште инвестиции кои ќе им овозможат проширување на производствената палета со нови и здрави производи за велешани.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »