речник контакт

Нов 21 случај на лица позитивни на ковид-19 во велешко

Во велешка Болница бројот на згрижени пациенти е 49

Петар Печков

Деновиве постојано во Велес и велешко по 20 и повеќе нови случаи на лица позитивни на ковид-19. Изминатите 24 часа Институтот за јавно здравје регистрирал 21 а оздравени се 17 пациенти. Бројот на активни случаи во велешко  стигна до 332.

Во велешка Болница бројот на згрижени пациенти е 49, од нив по  21 се на Инфективно одделение и во Модуларната болница, додека на Интерно  се седуммина  пациенти.  

„Има тројца ново примени пациенти. Испишани како оздравени со по еден негативен тест, се шестмина  пациенти“- кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на велешка Болница.

Од вкупниот број хоспитализирани пациенти, 31 се потврдено позитивни, седуммина   се негативни, но со здравствени проблеми  а.11 се непотврдени  На кислородна поддршка се 22 пациенти.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »