речник контакт

Нов 41 случај со ковид-19 и еден починат пациент од Велес

Во трите ковид одделенија од велешка Болница згрижени се 41 пациенти, четворица помалку од вчера

Петар Печков

Во велешко има 41  нов случај со ковид-19 во земјава а  оздравени се 28 лица. Ова се податоците кои ги објави Министерството за здравство.   Бројот на активни случи во велешко порасна на 351.

Починат е еден пациент  кој бил на лекување во скопските клиники, на возраст од 75 години. Со ова бројот на починати од последиците на корона вирусот во велешко достиган 307 лица.

Во трите  ковид одделенија од велешка Болница згрижени  се 41 пациенти, четворица  помалку од вчера. Hа Инфективно  се хоспитализирани  25, на  Интерно  пет и на Физикално 11 пациенти. Потврдено позитивни се 30, непотврден  е еден  и негативни се десет но со потреба од болничка нега.

„Примен  е еден  пациент, испишани се тројца пациенти  со по  еден негативен тест. Една пациентка е трансфериранa во Болницата 8-ми Септември Скопје. На кислородна поддршка се 19 лица“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »