речник контакт

Нов ЖИТО МАРКЕТ во Велес, 14-ти по ред (фото)

Отворањето го одбележаа голем број акции и уште поголем број на купувачи

Петар Печков

 

Во присуство на менаџментот и голем број на деловни пријатели и гости , денес  “Жито Маркети” го отвори својот 57 -ми маркет во Македонија. 

Новиот малопродажен маркет, вклучувајќи го и магацинскиот простор, се простира на површина од 339м2 и е во непосредна близина на општината и Полициската станица во Велес. Истиот располага со две каси, пиљара, топлотека и печењара и овозможи нови 10 вработувања.

Објектот беше комплетно реновиран и уреден по утврдени стандарди. Она што особено не радува е обновувањето на дворниот простор пред самиот маркет кое предизвика огромно задоволство кај жителите од околните згради. Новопосадените цветни и зимзелени аранжмани му дадоа особена свежина на просторот, а по околните патеки беа монтирани бекатон плочки со цел маркетот да биде достапен за сите кои сакаат да го посетат. 

"Денес со отворањето на 14-от по ред Жито маркет во Велес, на нашите верни купувачи од градот им овозможивме нова локација на која ќе може да ги пронајдат своите омилени производи по достапни цени. Како и досега, наша предност ќе бидат квалитетната услуга, најдобрите цени, многубројните акции и широкиот асортиман на производи од домашни и странски производители "- истакнаа од менаџментот.

Како и до сега, за нашите верни купувачи подготвивме бројни акции, презентации, дегустации и подароци. 

Новоотворениот маркет може да го најдете на ул. Методија Андонов Ченто бр.4. 

Работно време од понеделник до петок 07:30-21:30ч,недела и празници 07:00-15:00ч.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »