речник контакт

Нов апарат за тридимензионално снимање на заби, набавен во Здравен дом Велес

Со апаратот пациентите добиваат многу квалитетна, прецизна слика за состојбата со нивните заби

Петар Печков

Одделението за рендген за заби, при ЈЗУ Здравствен дом Велес,доби нов апарат за тридимензионално снимање. Тој е набавен од сопствени средства и е во функција неколку месеци.

 „Апаратот е со најнова технологија, нема многу такви во земјава, освен во Скопје, Тетово и сега во Велес. Пациентите добиваат многу квалитетна, прецизна слика за состојбата со нивните заби за имплатанти, или кога има потреба од тешки оперативни зафати со оштетување на забите“ - вели Лујза Гочева спец. радиолошки технолог.

Апаратот е набавен два месеци и за овој период пациентите доаѓале и ги користеле услугите. Постапката на снимање трае 10-тина минути и податоците кои се добиваат се многу јасни и точни. Тридимензионалното снимање  можат да го користат сите пациенти, не само од Велес туку и од други градови од земјава.

„Со набавка на овие нови апарати, и во рендген одделението и во биохемиската лабораторија, овозможуваме пациентите да имаат поголема покриеност со здравствени услуги, да не мора да патуваат надвор од градот. Или се грижиме за нивното здравје во сите сегменти“- вели в.д. директорката Виолета Петкова.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »